24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија ја очекува првата транша од заемот од 330 милиони евра од...

Албанија ја очекува првата транша од заемот од 330 милиони евра од ММФ

Albanija,Tirana, trg skenderbeg 0409 2008,snimioD.MILOVANOVIC

Албанија овој месец ќе ја добие првата транша во износ од сто милиони евра од кредитот во вредност од 330,9 милиони евра, одобрен од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Одделувањето на кредитот е во рамки на тригодишниот договор за соработка на ММФ со Албанија.

Претставник на албанското Министерство за финансии изјави дека одлуката за одделување на кредитот отвора можности за нови инвестиции од страна на домашни и странски компании во Албанија.

Се предвидува очекуваните сто милиони евра од првата транша да заминат за гаснење на долговите кон фирмите, кои реализирале јавни проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП