25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаеми на градежништво и недвижности 2014

Саеми на градежништво и недвижности 2014

saemimksaem84s46d46v

На Скопскиот саем од денеска до 8 март ќе се одржува 11. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, а во негови рамки и 4. Саем на недвижности и инвестиции – RealExpo. На отворањето ќе се обрати вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Организаторите најавија учество на над 300 компании од Македонија, регионот и пошироко, како и на инвеститори во рамките на RealExpo, и очекуваат 15.000 посетители.

На саемот за градежништво, кој подразбира сестрана промоција на оваа стопанска дејност на производителите и трговците од Македонија и од странство, ќе се нудат производи и услуги за работа, модернизирање, одржување и опремување објекти и имоти. Акцентот ќе биде ставен на новите материјали кои обезбедуваат енергетски заштеди. Се очекува тој да го привлече вниманието на експертите од областа на градежната индустрија и да овозможи средби, дискусии и склучување зделки.

Во рамки на програмските активности, компаниите секој ден ќе одржуваат промоции на производи, а последниот ден Агенцијата за енергетика ќе презентира енергетски пасоши.

На саемот на недвижности, пак, ќе бидат понудени над 3.000 станови во Скопје, Охрид и Струмица од повеќе домашни и од една странска компанија, ќе бидат промовирани нови објекти, како и поволни услови за купување станови преку кредити од комерцијалните банки.

Првпат оваа година ќе биде организирана и наградна игра – „Награда за надоградба“, со која на најсреќните посетители ќе им бидат доделени вредносни ваучери од 700, 500 и 300 евра во денарска противвредност, кои ќе можат да ги искористат за производи од програмата на изложувачите на Саемот на градежништво 2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП