25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Без последици поради Украина

ЕЦБ: Без последици поради Украина

ecbmariodraginp98uw3fjca

Кризата во Украина најверојатно нема во голема мера да влијае на економијата, изјави претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

„Во областа на економијата и финансиите, размената на Украина со еврозоната е мала. Економските последици најверојатно ќе бидат ограничени“, изјави Драги пред Комисијата на Европскиот парламент за економски и монетарни прашања.

Тој додаде дека „геополитичката димензија“ на ситуацијата во Украина е „потполно поинаква“ и дека би можела да има последици на случувањата кои немаат врска со „статистичките податоци“.

„Треба со големо внимание да ја следиме ситуацијата во Украина бидејќи станува збор за многу покомплексен проблем отколку што е монетарната политика, која би можела да има последици и врз економијата“, изјави Марио Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП