3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Потрошувачката расте побрзо од платите

САД: Потрошувачката расте побрзо од платите

sadpotroshuvachka5596

Домашната потрошувачка во САД во јануари се зголеми повеќе од зголемувањето на платите, покажуваат официјалните податоци во Вашингтон.

Домашната потрошувачка, главниот двигател на американската економија, е зголемена во јануари за 0,4 проценти на месечно ниво, додека платите истовремено пораснале за 0,3 проценти, наведува американското Министерство за трговија, пренесува агенцијата Франс прес.

Министерството додава дека домашната потрошувачка во декември, традиционално значаен месец за купување, била прилично слаба. Растот  од тој месец е ревидиран за 0,1 проценти надолу, на 0,3 проценти.

Инфлацијата во јануари остана далеку поц целното ниво на централната банка од два проценти, колку што е потребно за зачувување на ценовната стабилност. Индексот на потрошувачките цени е зголемен за 0,1 проценти, во однос на растот од 0,2 проценти во декември. Стапката на штедење мируваше на декемвриското ниво од 4,3 проценти од расположливите лични приходи.

На ниво на цела 2013 година, домашната потрошувачка е зголемена за 3,1 проценти, во однос на 4,1 проценти од 2012 година, додека личните приходи истовремено пораснаа за 2,8 проценти, во однос на 4,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП