27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 308 е автомобил на годината во Европа

Peugeot 308 е автомобил на годината во Европа

car of the year peugeot

Во пресрет на отворањето на 84-тиот меѓународен саем за автомобили во Женева, во тој швајцарски град беше одржан и завршниот дел од изборот за европски „Автомобил 2014-та“ (Car of the Year 2014) на кој победи новиот „Peugeot 308“.

Второто место го зазема луксузниот електричен модел „Tesla S“, a нa третото место се пласираше, исто така електично возило, моделот „BMW i3“.

Најдобриот автомобил е избран од страна на меѓународно жири составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји, а во потесниот список за овој избор, покрај првопласираните три беа и моделите: „Citroen C4 Picasso“, „Mazda3“, „Mercedes S сlasѕ“ и „Škoda Octavia“.

За признанието Автомобил за 2014-та година на „стариот континент“ конкурираа возила кои се појавиле на европскиот пазар во периодот од 2012-та септември до истиот месец во 2013-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП