4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина го зголеми увозот на руски гас

Украина го зголеми увозот на руски гас

rusia ukraina gas

Украина во последните неколку дена го зголемила увозот на руски гас, изјави денеска портпаролот на украинската компанија за транзит на енергенсот по предупредувањата дека рускиот државен концерн „Газпром“ може да го откаже намалувањето на цените на гасот.

Стравувањата околу нормалната испорака на гас се зголемија откако во саботата Советот на Федерацијата на рускиот Парламнет му одобри на претседателот на Русија да ги употреби Вооружените сили на територијата на Украина за „нормализирање на ситуацијата во оваа земја“.

Аналитичарите посочуваат дека Киев се обидува да увезе што е можно повеќе гас по пониски цени.

„Ние двојно го зголемивме увозот на гас од Русија. На 1 март увезовме 45 милиони метри кубни гас во споредба со 20 милиони на 1 март 2013 година“, изјави Максим Белевски, портпаролот на „Укратрансгаз“.

Преносот нафта низ системот на „Трансњефт“ кон Украина се одвива според планираниот режим, информира денеска заменик-претседателот на оваа компанија, Михаил Барков.

Како што пренесува ИТАР-ТАСС, Барков забележа дека во моментов нема никакви проблеми во транспортот на нафтата преку Украина.

Германската Влада денеска соопшти дека земјата е добро подготвена доколку дојде до евентуални проблеми во снабдувањето со руски гас и нафта, поради активностите на Русија во Украина.

Резервите од гас се добро пополнети, нагласи портпаролката на германското Министерство за економија.

„Ние сме добро подготвени за евентуални проблеми со испораките. Во моментов нема ништо што би укажало на такви проблеми“, дополни порпаролката, прецизирајќи дека тоа важи и за гасот и за нафтата.

Од Русија доаѓаат 35 проценти од природниот гас и 35 од нафтата, што ги користи Германија. Веќе неколку години Германија се обидува да ја намали својата енергетска зависност од Русија, но овој процес се одвива бавно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП