3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради долгови Rosneft ја превзема рафинеријата во Одеса

Поради долгови Rosneft ја превзема рафинеријата во Одеса

rosneft company

Најголемата руска нафтена компанија „Rosneft“ би можела да ја превземе рафинеријата во Одеса поради неподмирените долгови на поранешниот сопственик, објавија денеска весникот „Kommersant“.

Минатата година вториот поголемина руски производител на сирова нафта, „Lukoil“ ја продаде рафинеријата на украинската група „VETEK“. Нејзиниот сопственик, украинскиот мултимилионер, Сергеј Курченко не можеше да го врати заемот на руската банка „VTB“ од кој ја доби рафинеријата за купување, па го префрли имотот на банката.

Рафинеријата инаку годишно обработува 3.6 милиони тони сирова нафта (70.000 барели дневно), а договорот за нејзината продажба е постигнат уште минатата недела и би можел наскоро да биде официјализиран.

„Rosneft“ веќе ја контролира и втората поголемина украинска рафинерија во Лисичанск.

Во рафинеријата и во „VETEK“ не беа достапни за коментар.

Минатата недела од рафинеријата соопштија дека во март може да прекинат со работа поради одржување. Исто така објавија дека преработуваат нафта од резервите и дека во блиска иднина не очекуваат нова пратка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП