19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРумениге: Ќе продолжиме да го земаме најдоброто од Борусија (Д)

Румениге: Ќе продолжиме да го земаме најдоброто од Борусија (Д)

karl heinz rumenigee

Шефот на управата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге даде јасно до знаење дека и натаму „баварците“ ќе ги „крадат“ најсилните фудбалери на Борусија Дортмунд, ако имаат потреба од нив и ако имаат таква можност.

„Би било бесмислено да одлучиме да ги прекинеме трансферите на играчи на Борусија“, беше категоричен Румениге.

Клубот од Минхен беше „бомбардиран“ со негативни коментари заради привлекувањето на Марио Гетце и Роберт Левандовски, што постепено доведе до тоа Дортмунд да стане спаринг партнер на шампионот.

„Одржуваме добра врска со овој клуб . Минатото лето се сретнав со извршниот директор на „милионерите“ и ги оставивме лошите чувства во минатото, ако воопшто ги имало“, додаде Румениге.

Во друго интервју неодамна шефот објасни дека главната цел е Баерн да биде силен, а не намерно да се разбиваат другите ривали.

Во моментов тимот на Пеп Гвардиола чекори кон титулата, а „жолто-црните“ се втори со засостанување од 20 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП