3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто убавите луѓе заработуваат повеќе?

Зошто убавите луѓе заработуваат повеќе?

ubavivrabotenige7g78heghd

Истражувањата покажуваат дека убавите ученици и студенти добиваат поголемо внимание и подобри оценки од професорите, згодните пациенти добиваат подобра нега, згодните криминалци помали казни….. а изгледот во голема мера влијае и на деловниот успех.

Професорот Даниел Хамермерш од Универзитетот во Тексас и Џеф Бидл од Државниот Универзитет во Мичиген откриваат дека непривлечните луѓе заработуваат 5 до 10 проценти помалку од просечно привлечните, додека просечно привлечните заработуваат за 3 до 8 проценти помалку од многу привлечните луѓе.

Хамермерш и Бидл исто така откриваат дека непривлечните мажи во Велика Британија заработуваат 18 проценти помалку во просек, додека непривлечните жени заработуваат 11 проценти помалку од поатрактивните колешки.

Едно истражување во Велика Британија покажа дека привлечноста на кандидатите за работа во голема мера влијае на одлуката за вработување и дека постои голема разлика меѓу платата и статусот на згодните и помалку згодните вработени.

Научниците од Универзитетот Астон предупредуваат дека работодавците трба да бидат свесни за своите мотивации при вработувањето, бидејќи можат да се јават предрасуди и пристрасност. Имено, извртената перцепција доведува до тоа на убавите лица да им се препишат и останатите добри особини, велат научниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП