25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски и Фида во САД по нови инвестиции

Пешевски и Фида во САД по нови инвестиции

invest1

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида од денеска престојуваат во Соединетите Американски Држави, каде во шест градови ќе ги презентираат можностите и поволностите за инвестирање во Република Македонија и ќе одржат директни средби со потенцијални американски инвеститори.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски, Филаделфија е првата дестинација на македонската делегација, каде ќе бидат остварени средби со највисокиот врв на неколку глобални компании од областа на производството на кондиторски производи, фармацијата и медицинските помагала.

„Директните средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, а на македонската делегација да се запознае со нивните планови за идни активности и инвестиции во Европа“, стои во соопштението.

Во состав на делегацијата се амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски и економскиот промотор на Македонија во САД Дејан Величков.

Од Филаделфија делегацијата продолжува кон Питсбург, а планирана е и посета на градовите Јангстаун, Акрон, Синсинати и Луисвил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП