3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаеми на градежништво и на недвижнини 2014

Саеми на градежништво и на недвижнини 2014

saemimksaem84s46d46v

– Од утре до 8 март на Скопскиот саем ќе се одржи 11. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација, а во негови рамки и 4. Саем на недвижнини и инвестиции – REALEXPO.

Валентита Димитрова оперативен директор во Скопски саем, во својство на организатор, најави учество на над 300 компании од земјата, регионот и пошироко, како и на инвеститори во рамките на REALEXPO и предвидуваат посетеност од над 15.000 лица.

На саемот за градежништво, кој подразбира сестрана промоција на оваа стопанска дејност на производителите и трговците од Македонија и од странство, ќе се нудат производи и услуги за работа, модернизирање, одржување и опремување објекти и имоти. Акцентот ќе биде ставен на новите материјали кои обезбедуваат енергетски заштеди. Се очекува тој да го привлече вниманието на експертите од областа на градежната индустрија и да овозможи средби, дисусии и склучување зделки.

Во делот на програмските активности секојдневно ќе се одржуваат промоции на производи од страна на компаниите, а последниот ден Агенцијата за енергетика ќе ги презентира енергетските пасоши.

На саемот на недвижнини, пак, ќе бидат понудени над 3.000 станови во Скопје, Охрид и Струмица од повеќе домашни и од една странска компанија, ќе бидат промовирани нови објекти, како и поволни услови за купување станови преку кредити од комерцијалните банки.

Прв пат оваа година ќе биде организирана и наградна игра за посетителите „Награда за надоградба“, со која на најсреќните посетители ќе се доделат вредносни ваучери од 700, 500 и 300 евра во денарска противредност, кои ќе можат да ги искористат за производи од програмата на изложувачите на Саемот на градежништво 2014.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП