3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEtihad ги руши рекордите

Etihad ги руши рекордите

etihadairetihkjf3p892qtu2fnerbv;

„Etihad“ во изминатата година оствари раст на профитот од 48 проценти, на 62 милиони долари, соопшти авиокомпанијата.

„Etihad“ националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, објави дека приходите во истиот период се зголемиле за 27 проценти на 6,1 милијарда долари, додека бројот на патници е зголемен за 12 проценти на 11,5 милиони (од 10,3 милиони).

Овој рекорден учинок се отсликува во подобрувањето од 22 проценти во добивката пред каматата и оданочувањето (ЕБИТ), односно 208 милиони долари, додека вредноста на добивката пред каматата, оданочувањето, амортизацијата и трошоците за закуп (ЕБИТДАР) е зголемена за  30 проценти и достигна 979 милиони, што преставува 16 проценти од вкупните приходи.

„Ова е уште еден важен чекор на нашиот пат како компанија која расте и комерцијално е успешна. Во претходните седум години ги достигнавме своите финансиски цели и му донесовме одржлива профитабилност на работењето кое порасна од само 300 милиони долари приход во 2005 на повеќе од 6 милијарди долари колку што имаме денес“, изјави Џејмс Хоган, претседателот и генералниот директор на „Etihad“.

„Во ова успеавме со примена на нашата единствена стратегија, преку која го комбиниравме органскиот раст кој го води овој сектор со широко позиционирано партнерство и вложувањето на капитал за да станеме сопственици на удели во важни авиопревозници стратешки распространети во целиот свет“, наведе тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП