29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилмски студија во Америка ќе се запознаат со можностите за снимање во...

Филмски студија во Америка ќе се запознаат со можностите за снимање во Македонија

waltdisney9j389pfjwpej

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот без ресор Веле Самак, денеска во Лос Анџелес пред група бизнисмени ќе ги презентираат можностите што Владата на Република Македонија ги нуди за странските директни инвеститори.

Како што соопшти Министертвото за информатичко општество и администрација, најголем дел од пријавените се од ИТ секторот и филмската индустрија. По завршувањето на презентацијата закажани се поединечни средби со високи претставници од компанијата Волт Дизни, како и посета на Ворнер Брадерс Студио.

Целта на средбите е директно да се промовираат бенефециите што македонската Влада ги нуди на заинтересираните што ќе одлучат да снимаат филмови на територијата на Република Македонија, со намера да се привлечат овие два гиганта од филмската индустрија да работат во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП