Како што храната и одредените намирници можат да го зајакнат организмот и имунитетот, така можат и да предизвикаат негативни последици. Една од тие намирници секојдневно ја внесуваме во организмот, а станува збор за пченицата.
Таа се наоѓа во речиси секој наш оброк, но доста лошо влијае на нашето здравје. Кај повеќето луѓе негативно влијае на кожата, зглобовите и нивото на шеќер во крвта.
Пченицата која секојдневно ја конзумираме е далеку од вистинската. Кардиологот Вилијам Дејвис е еден од бројните научници и доктори кој се обидува да го едуцира светот за вистината која ја крие денешната пченица. Дејвис вели дека причините поради кои луѓето одлучуваат да јадат житарици (поради влакната и за здравото срце) не се доволни за пченицата да стане дел од исхраната. „Во пченицата нема ништо што не може да се најде во другите намирници“, вели Дејвис.
Кожа
Јаглехидратите во пченицата обично се сметаат за добри поради својата сложеност. Проблемот е што овие јаглехидрати се разложуваат во шеќери, што доведува до зголемено ниво на инсулин и активирање на жлездите кои произведуваат масти. Крајниот резултат е масна кожа и појава на акни.
Зглобови
Според Дејвис, болките во зглобовите предизвикани од конзумирање на пченица најчесто се јавуваат во зглобовите на прстите и раката, а не е невообичаена ниту болката во грбот, колковите и колената.
Шеќер во крвта
Пченицата која е полна со јаглехидрати, на крајот се претвора во шеќер. Освен тоа, преполна е со амилопектин односно јаглехидрат кој многу го зголемува нивото на шеќер во крвта во однос на обичниот шеќер, што може да предизвика дијабетес.