2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМисијата на ММФ пристигнува во Украина

Мисијата на ММФ пристигнува во Украина

imageukraine59885jihb

Мисијата на ММФ во текот на утрешниот ден во Киев ќе започне со разговорите со властите, изјави неименуван претставник на централната банка на Украина, не сакајќи да презентира дополнителни информации.

Според проценките на новиот украински лидер, на таа земја во наредните две години и е потребна финансиска помош од 35 милијарди долари за да избегне банкрот, пренесува Ројтерс.

Директорката на ММФ, Кристин Лагард, пред неколку денови повика на смирување на страстите поради економската ситуација во Украина, истовремено упатувајќи критика на сметка на различните шпекулации за износот на финансискиот пакет помош за Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП