6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGAP: Валутните разлики го намалија профитот

GAP: Валутните разлики го намалија профитот

gapgap3y82f7832f

Американскиот дистрибутер на облека „GAP“ во четвртиот квартал од фискалната година, завршен на крајот на јануари, забележа нето профит од 307 милиони долари (68 центи по акција).

Во истиот период пред една година нето профитот изнесуваше 351 милион (73 центи по акција).

Во однос на перспективите, сопственикот на познатите брендови како што се „Old Navy“ и „Banana Republic“, ја задржува претпазливоста поради неповолното влијание на валутните курсеви.

Како што пренесува францускиот весник Капитал, приходите од продажбата во споменатиот период се намалени за три проценти, на 4,58 милијарди долари.

За деловната година во тек, „GAP“ предвидува нето профит по акција од околу 2,9 и 2,95 долари, додека финансиските експерти очекуваат 3,02 долари во просек. Групацијата во соопштението прецизираше дека неповолното влијание на курсевите ќе го намали износот на нето профитот по акција за околу пет проценти во тековната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП