28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза темпото на економскиот раст на Шпанија

Забрза темпото на економскиот раст на Шпанија

shpanija2

Темпото на економскиот раст на Шпанија забрза во четвртиот квартал од 2013 година, што е најновиот доказ за излезот на оваа земја од петгодишната рецесија.

Економијата на Шпанија во последниот минатогодишен квартал порасна за 0,2 проценти, што е забрзување во однос на растот од третиот квартал од 0,1 проценти, се наведува во извештајот на шпанскиот национален институт за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновите податоци се под прогнозите на Институтот и предвидувањата на централната банка на Шпанија којa очекуваше раст на економијата од 0,3 проценти во периодот од октомври до декември.

Економијата на Шпанија во цела измината година потона за 1,2 проценти, што е четврта последователна година во која е забележан пад на економските активности, како и последица од проблемите со недвижнините во 2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП