25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо неполна година нова седумка на лото вредна над 365.000 евра

По неполна година нова седумка на лото вредна над 365.000 евра

LOTO

Седумка на лото вредна 365.000 евра или 22,6 милиони денари е извлечена во синоќешното 18. коло. Среќниот добитник го уплатил ливчето во продажното место „Алберто А“ во скопски Чаир.

Според Државната лотарија на Македонија, премијата извлечена повторно по неполна година е со рекордна вредност.

Добитникот на седумката уплатил шест комбинации по 15 денари за 90 денари. Сите биле со различни бројки, но првата му била среќна, со добитна комбинација.

Во останатите нема ниту една друга добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП