5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате работа во ,,Google”? Еве 5 прашања

Сакате работа во ,,Google”? Еве 5 прашања

google-employees-googlers-holding-balls

,,Њујорк тајмс” разговараше со еден од клучните луѓе за човечки ресурси во ,,Google”, Ласло Бок, а ,,Гардијан” во шега издвои пет квалитети кои се потребни и пет прашања кои треба да се одговорат пред да се обидете да аплицирате за работно место во компанија која магазинот ,,Форчун” ја прогласи за идеално место за работа.

Дали имате IQ поголем од 130?

Најлош можен одговор за ова прашање е ,,Да”. Бок инсистира на ,,интелектуална скромност”, бидејки смета дека луѓето без неа не можат да учат.За оние кои целиот живот биле остроумни, Бок вели дека често прават ,,фундаментално атрибутивни грешки” и сметаат дека ,,ако се случи нешто добро, тоа е затоа што се тие генијални, а ако се случи нешто лошо, тоа е затоа што некој друг е идиот”.

Што ќе вечераме?

Не велете ,,сеедно ми е” или ,,не бирам јас” или ,,она што вие сакате” или било кои од тие глупости. Ако го решаваме проблемот што ќе вечераме, тогаш е потребно ваше мислење, па затоа би требало да истапите и да го изнесете. Тоа е она што ,,Google” го бара- спремност да се преземе иницијатива и водство кога е потребно, а не кога тоа не е потребно.

Зошто ги прочитавте последните пет статии кои ги читавте?

Како тоа мислите не знаете?Првиот критериум на Бок е она што се нарекува ,,способност за учење”, кое се дефинира како ,,можност да се размислува во лет” и да се извлечат мали информации кога се потребни. Нема добро да поминете на интервјуто во ,,Google” ако ве фатат неспремни на вакви лесни прашања.

Дали сте некомпетентни и мрзливи?

Сте? Одлично.Бок сака да вработува луѓе кои осеќаат ,,сопственост” на проектите, но се доволно скромни да го работат она за кое се корисни и се спремни да се повлечат кога ќе го завшат својот дел. Ако сте некомпетентни ќе уништите се за што ќе се фатите, така што мрзливоста би била добра опција.

Дали зад себе имате многу искуство и добри резултати во нешто?

Ако имате, тоа е потполна катастрофа.Бок вели дека кога ќе се најдат пред некој проблем, експертите велат ,,сум го видел ова сто пати, еве што ќе направиме”.Од друга страна, остроумниот почетник веројатно ќе го реши проблемот, а можеби и некогаш нема да успее, тоа и те како се компензира со ситуациите во кои до решение ќе дојде на нови начини.Накратко, луѓето се подобри кога не знаат баш што точно прават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП