6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦарината го промовира Новиот компјутеризиран транзитен систем

Царината го промовира Новиот компјутеризиран транзитен систем

carinacarcarinamak566556498462

– Царинската управа на Македонија денеска официјално го пушти во употреба Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) на национално ниво.

Како што соопштија од Царината, воспоставениот систем, според стандардите на Европаската Унија, нуди нови можности во царинското работење во делот на употребата на напредни компјутерски системи, употребата на електронска транзитна декларација, спроведување на формалностите единствено со разменување на електронски пораки, електронска обработка на податоци.

Toa ќе придонесе за поефикасно спроведување на формалностите, во споредба со досегашниот систем базиран на употреба на хартија. НКТС во почетокот ќе се користи за спроведување на транзитната постапка на национално ниво, односно за движење на стоки помеѓу две места во рамки на Република Македонија.

– Неговата употреба на национално ниво претставува почетна и преодна фаза кон многу значајното пристапување на Заедничкиот транзитен систем на ЕУ. Во следната фаза, преку негово поврзување со системите на ЕУ ќе се овозможи непречено движење на стоковите пратки во и од Унијата, без царински формалности на надворешните гранични премини на ЕУ, и дополнителна придобивка во забрзувањето и олеснувањето на размената на стоки со најзачајните економски партнери на Република Македонија, стои во соопштението.

Системот овозможува размена на податоци помеѓу Царинската управа и економските оператори, преку електронско поврзување од било која точка во државата. Поднесувањето на царинската декларација, исклучиво по елетронски пат, се врши преку интернет страната на Царинската управа што е погодност за оператори со мал обем на операции, но и на операторите со голем обем на кои тоа им е овозможено со поврзување преку сопствено софтверско решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП