20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинези купија дел во Nidera

Кинези купија дел во Nidera

nideraholland156

Кинеската прехранбена државна компанија „COFCO“ купи мнозински дел во холандската компанија за трговија со суровини „Nidera“, за сума од 1,2 милијарди долари.

Преку купувањето на 51 процент од акциите на „Nidera“, која тргува со житарици и соја, кинеската компанија настојува да го прошири своето работење и да стане светски играч во областа на земјоделството, пренесува Франс прес.

Станува збор за последната во низата големи инвестиции од страна на една кинеска компанија во странство, знаејќи дека кинеските компании настојуваат да ја задоволат растечката побарувачка за храна и енергија дома.

Благодарние на тој договор, Кина ќе има поголема контрола над одредувањето на цената на светските пазари на житарици, како и подобар пристап до големите области на кои се одгледуваат житарици, како што се Латинска Америка и Русија.

Целокупната вредност на компанијата „Nidera“ е околу четири милијарди долари, додека вредноста на делот на „COFCO“ е 1,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП