2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен Lexus RC 350 F Sport

Претставен Lexus RC 350 F Sport

lexus rc sport

„Lexus“ на купувачите на моделот „RC 350“ ќе им понуди пакет на подобрувања кој треба да ја подобрат сликата на спортскиот имиџ на овој автомобил.

За сите оние кои сакаат нивниот „Lexus RC 350“ да остави голем впечаток на моќен и силен автомобил, јапонскиот производител го претстави дополнителниот „F Sport“ пакет.

Со новите естетски додатоци, како мрежастата маска на ладилникот во стилот на „Lexus RC F“, „Sport“ верзијата изгледа поагресивно од стандардниот „RC“ купе.

lexus rc sport1

Пакетот вклучува и ексклузивни 19 инчни алуминиумски бандажи, а воланот и рачката од менувачот се од кожа, исто како и спортските седишта чија црвена боја нуди освежувачки контраст на црниот кокпит.

Пакетот „F Sport“ опфаќа и „AVS“ систем на суспензија и „Lexus Dynamic Handling“ (LDH) систем кој го оптимизира однесувањето и перформансите на автомобилот во зависност од условите и возењето на патот по кој автомобилот се движи.

lexus rc sport2

Како и стандардната верзија и „Lexus RC 350 F Sport“ е придвижуван од 3.5-литарски „V6“ мотор со моќност од 321 ks (236 kW), која е на располагање при 6.400 o/min и максимален вртежен момент од 375 Nm, достапни на 4.800 вртежи. Моќта се пренесува на задните тркала со помош на автоматскиот менувач.

Првата средба со публиката „Lexus RC 350 F Sport“ ќе ја има на претстојниот женевски авто-саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП