25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвие две намирници ви гарантираат рамен стомак

Овие две намирници ви гарантираат рамен стомак

vezbistomak1

Доколку сакате да ги избегнете масните наслаги околу половината и колковите, почето треба да јадете лосос и ореви, велат научниците.

Научниците во Шведска открија дека лицата кои јадат повеќе полинезаситени масти имаат повеќе мускули на телото, а помалку маснотии. Со нив се богати лососот и оревите, а таквиот начин на исхрана помага во борбата против наталожувањето на масти околу половината.

Истражувањето во Шведска проследи 39 возрасни мажи и жени кои имале нормална тежина, и кои седум недели јаделе 750 калории повеќе од вообичаено. Целта била во тој период да станат за три проценти потешки во однос на она што биле на почетокот на истражувањето.

Учесниците биле поделени во две групи, едната група земала поголема количина на полинезаситени масти а другата поголема количина на заситени масти. На крајот мерењето покажало дека сите учесници подеднакво ја зголемиле тежината, но групата која јадела заситени масти наталожила поголема количина на масти околу стомакот, половината и колковите, истата група развила и помал обем на мускули, а таквата состојба, како што велат експертите влијае на развојот на дијабетес и болестите на срцето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП