2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСпречен банкротот на Рим

Спречен банкротот на Рим

rimrim353637299huhjsnds

Новата италијанска влада на чело со Матео Ренци одобри исплата од 570 милиони евра за градот Рим, за да спречи банкрот на италијанската престолнина.

Претходно пратениците во италијанскиот парламент одбиле од финансиски исцрпениот државен буџет да исплатат средства за да се спречи банкротот на Рим, пренесе агенцијата АП.

Во замена за финансиска помош, владата на премиерот Ренци, меѓутоа, им наложи на градските власти на Рим да направат повеќегодишен план за доведување на финансиите во ред, при што, доколку биде неопходно, мораат да бидат преземени мерки како што е приватизација на некои од градските претпријатија и продажба на дел од градскиот имот.

Новоизбраниот градоначалник на Рим, Игнасио Марино, вчера се закани дека поради недостаток на средства ќе го „запре функционирањето на градот“ со мерки како што се, на пример, прекин на работата на градскиот сообраќај.

Рим моментално има буџетски дефицит од 816 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП