5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego отвора погони во Кина

Lego отвора погони во Кина

Lego_Factory_Legoland_Florida

Минатата година нето-профитот на данската компанија забележа раст од девет проценти или 1,1 милијарди долари.

„Lego“ во просек продава десет играчки од своите асортимани на секоја секунда. На сето тоа, данскиот производител се поинтезивно го освојува кинескиот пазар, каде има во план наскоро да отвори свои погони. Но тие тука не планираат да застанат.

Во 82-годишната историја, компанијата „Lego“ имала многу успони, но и падови. За помалку од еден месец, нивниот филм „Lego Movie“ на благајните заработи близу 300 милиони долари.

„Lego“ e вториот најголем светски производител на играчки. Минатата година нето-профитот на оваа компанија беше 1,1 милијарди долари, но бројките и натаму растат, сепак не толку бргу како во претходните години.

Јурген Виг Кнудстроп вели: „Големината на компанијата четирикратно се зголеми. Нашата стратегија се базира на органски раст и како што превземаме поголем дел од глобалниот пазарен колач, нормално е брзината на раст да се намалува и да се стабилизира, како што е во моментов“.

„Lego“ од продавач на обични коцки, денеска стана синоним за поп-културата. Досега имаат произведено 650 милијарди коцки, а можностите им се огромни. Од „Lego“ тврдат дека со шест коцки може да се направат дури 915 милиони комбинации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП