20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија без еден милион работни места

Италија без еден милион работни места

21-italy

Стапката на невработеност во Италија минатиот месец достигна рекордни 12,9 проценти, а невработеноста меѓу младите се зголеми на рекордни 42,4 проценти.

Италијанскиот Завод за статистика, Истат, исто така наведува дека 2013 година била најлоша година за невработеноста од почетокот на економската криза од 2008 година, бидејќи бројот на вработени е намален за 478,000, пренесува агенцијата Франс прес.

Во периодот од 2008 до 2013 вкупниот број на вработени во Италија е намален за 984,000, наведува Истат.

Јануарската стапка на невработеност од 12,9 проценти е највисоката од 1977 година, односно од кога се води евиденција за месечната невработеност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП