23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го укинува хибридниот модел Insight?

Honda го укинува хибридниот модел Insight?

honda insight

По неколкуте најави дека поради слабата продажба моделот „Insight“ ќе биде повлечен од европскиот пазар, „Honda“ соопшти дека ќе го прекине производството на овој автомобил. Во јапонската компанија не прецизираа дали планираат нова генерација или крај на производството на актуелниот модел.

Додека „Toyota Prius“ со 3.2 милиони испорачани примероци ја потврдува својата доминација како најпродаван хибриден модел во светот, „Insight“ тивко исчезнува од сцената.

„Honda“ заклучно со 2013-та година успеа ширум светот да пласира само 280.000 единици, од кои 157.000 aвтомобили се продадени на домашниот, јапонски пазар.

Во САД, кој претставува најзначаен пазар кога станува збор за продажбата на хибридни возила, „Insight“ во 2013-та година забележа пад на испораката од 18 проценти, со што стана вториот најслабо продаван автомобил на „Hondа“, веднаш зад исто така хибридниот модел „CR-Z“.

Во текот на 2013-та во Америка беа пласирани само 4.800 примероци на „Hondа Insight“. Интересно е што првата генерација на „Hondа Insight“ се појави во САД во 1999-та година, седум месеци пред лансирањето на првиот „Prius“ на овој пазар, но успешниот хибрид на „Toyotа“ го надополни тој заостаток со значително поголема продажба. Актуелната втора генерација на „Insight“ е претставена во 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП