29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ: Во Македонија лани 251,5 милиони евра странски инвестиции

НБРМ: Во Македонија лани 251,5 милиони евра странски инвестиции

nbrm

Во Македонија лани се евидентирани 251,5 милиони евра странски инвестиции што е 3,5 пати повеќе во однос на 2012 година кога беа регистрирани 72 милиона евра, објави денеска Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Според последните податоци за влез на странски капитал во државата, во декември минатата година се регистрирани 28,8 милиони евра странски инвестиции.

Од вкупната вредност на странските инвестиции, 147,7 милиони евра се акционерски капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП