13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛани зголемен бројот на деца за 8,3 отсто во градинките

Лани зголемен бројот на деца за 8,3 отсто во градинките

decagradinkimake556

Во 2013 година за 8,3 отсто се зголемил бројот на деца во установите за згрижување и воспитание на деца во споредба со претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на деца кои посетувале детски градинки во 2013 година изнесувал 29.113.

Со годишните извештаи се опфатени 55 јавни и четири приватни установи за згрижување и воспитување деца – детски градинки.

Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните развојни потреби на возраст до шест години, во повеќе групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП