4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска „заборави“ што е раст

Хрватска „заборави“ што е раст

hrvatska

Хрватската економија минатата година потона за еден процент, одбележувајќи ја петтата последователна година во рецесија, покажаа официјалните податоци во Загреб.

Според првата проценка на хрватскиот Завод за статистика, бруто домашниот производ (БДП) во последниот квартал од 2013 година е намален за 1,2 проценти во однос на истиот период лани, пред се поради падот на извозот, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртиот квартал од 2013 година е деветиот последователен квартал во кој БДП е во пад. Економијата на Хрватска, која во јули стана членка на ЕУ, не забележала раст од 2009 година, оптоварена од лошите услови на пазарите за труд и слабата деловна клима.

Макроекономските резултати посебно се загрижувачки, бидејќи индустриското производство и извозот на стока минатата година се намалени за два односно шест проценти, додека невработеноста скокна на 22 проценти.

Локалните економски експерти предупредуваат дека високиот песимизам кој владее меѓу производителите и потрошувачите негативно влијае на потрошувачката, производството и инвестициите. Владата во Загреб ја ревидираше најниската прогноза за економскиот раст во 2014, на само 0,2 од 1,3 проценти, колку што претходно се очекуваше. Аналитичарите, сепак, очекуваат негативен раст од 0,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП