10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIAG се врати на патеката на профитот во 2013

IAG се врати на патеката на профитот во 2013

iagiag47930

Меѓународната групација на авиопревозници „IAG“ минатата година се врати на патеката на профитот, благодарение на добрите резултати на „British Airways“ и шпанската нискобуџетна авиокомпанија „Vueling“.

Профитот по оданочувањето во 2013 година изнесуваше 122 милиони евра, по нето загубата од 716 милиони во претходната година, наведува компанијата, пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите истовремено се зголемија за 3,1 проценти на 18,68 милијарди евра, а трошоците за гориво се намалени за 2,5 проценти на 5,95 милијарди евра, наведува групацијата, додавајќи дека е остварен значителен напредок во реструктуирањето на шпанската авиокомпанија „Iberia“.

Профитот од работењето, пред одбивањето на каматата и даноците, изнесувал 770 милиони евра, во однос на загубата од 23 милиони од 2012 година. „Во 2013 година ја зајакнавме групацијата со аквизација на „Vueling“, започнувањето на трансформацијата на „Iberia“ и со зајакнувањето на „British Airways“. Тоа не доведе до силно финансиско закрепнување и враќање на профитабилноста“, изјави извршниот директор на „IAG“, Вили Волш.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП