3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодобра економска клима во еврозоната

Подобра економска клима во еврозоната

delovnaklimaeurozo5656561

Економската клима во еврозоната во февруари е подобрена над очекуваното ниво, соопшти Европската комисија – ЕК.

Индексот на економската клима е зголемен во тековниот месец за 0,2 проценти на 101,2 поени, што е десетмесечен последователен раст, пренесува агенцијата АП.

Во јануари овој индекс изнесуваше 101 поен.

Ова е трети месец по ред како индексот на деловната клима ја преминува границата од 100 поени.

Ритамот на раст на монетарната маса М3 на еврозоната е благо забрзан во јануари на 1,2 проценти на годишно ниво, по декемвриското забрзување од еден процент. Растот на М3 во периодот од ноември 2013 година до јануари 2014 година изнесува 1,2 проценти, додека во периодот октомври-декември минатата година беше забележано зголемување од 1,3 проценти.

Кредитите во приватниот сектор минатиот месец беа намалени за 2,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП