3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку невработени има Германија?

Колку невработени има Германија?

nevrabotenilica112

Невработеноста во Германија, најголемата европска економија, продолжи да се намалува во февруари, благодарение на влијанието на подобрените економски прогнози на пазарот.

Бројот на невработените овој месец, според сезонски прилагодените податоци, е намален за 14.000 на 2,91 милиони, наведува Заводот за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите очекуваа дека бројот на лица без работа ќе биде намален за околу 15.000. Сезонски прилагодената стапка на невработеноста е во мирување на 6,8 проценти, додава Заводот.

Без сезонските прилагодувања, бројот на невработени Германци е зголем за 2,065 на 3,13 милиони, а неприлагодената стапка исто така мируваше на 7,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП