16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDelhaize го продаде Piccadilly во Бугарија

Delhaize го продаде Piccadilly во Бугарија

delhaizepikadili556

Белгискиот трговски ланец „Delhaize“ потпиша договор со компанијата „Ap Mart“ за продажба на ланецот продавници „Piccadilly“ во Бугарија.

Според соопштението на „Delhaize“, трансакцијата би требало да биде финализирана во вториот квартал и одобрена од надлежните регулаторни власти.

„Piccadilly“ е бугарски трговски ланец за прехрамбена стока со седиште во Варна. Основан е во 1994 година со 51 процент странска сопственост, за во 2003 година да биде пренесен во 100 процентна сопственост на бугарска компанија.

Во јули 2011 година овој ланец стана член на белгиската компанија „Delhaize“. Ланецот „Piccadilly“ денес има 28 супермаркети во цела Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП