17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонзорциумот на магнатот Лацис единствен кандидат за купување на аеродромот Елиникон

Конзорциумот на магнатот Лацис единствен кандидат за купување на аеродромот Елиникон

helinikon aerodrom

Компанијата „Ламда девелопмент“, која е дел од конзорциумот на магнатот Спирос Лацис, досега е единствената што доставила понуда за учество на тендерот за приватизација на стариот аеродром покрај Атина, Елиникон.

Компанијата на тендерот се јавила како дел од конзорциум во кој се вклучени и фирма за недвижности од Абу Даби, кинеската „Фосун Груп“, како и европски капитал.

Оценката на понудата ќе трае две недели. Инвестицискиот предлог на компанијата за аеродромот Елиникон изнесува седум милијарди евра. Проектот за тој аеродром предвидува и создавање на парк со површина од два милиони метри квадратни.

Против приватизацијата на аеродромот се изјаснуваат градоначалниците во регионот, кои сметаат дека зделката ќе доведе до уништување на животната средина. Тие сепак го поддржуваат универзитетскиот проект за изградба на парк на територијата на аеродромот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП