27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair пушта летови до Њујорк за 8 фунти!

Ryanair пушта летови до Њујорк за 8 фунти!

raynair njujork

„Ryanair“ планира летови до Њујорк за само 8 фунти (145 фунти со скриени трошоци)!

Клиентите ќе плаќаат екстра за се – од багаж до храна. Летовите ќе се нудат од 12 или 14 европски аеродроми. Се очекува овој план да биде реализиран за 5 години, велат од компанијата, бидејќи во моментов ги немаат потребните авиони.

Не сите места во авионот ќе бидат за таа цена, затоа што ќе има поскапи во бизнис и првата класа.

Веќе подолго време ја обвинуваат компанијата за тоа што привлекува клиенти со „ниските цени“, но потоа наплаќа солидни дополнителни трошоци. Од пред некое време тие планираат да воведат такса за користење на тоалетот во авионот.

За последните 3 месеци на 2013-та година, „Ryanair“ предвид загуба во износ од 28.7 милиони долари.

Еве какви ќе бидат евентуалните такси за летовите до Њујорк:

Билет – 8.21 фунти.

Провизија кредитна картичка – 4.54 фунти.

Багаж – еден до 20 кг – 25 фунти.

Резервација – 10 фунти.

Аеродромски такси – 67 фунти.

Храна – 30.95 фунти.

Вкупно: 145.70 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП