25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали на работа зборувате за приватните проблеми?

Дали на работа зборувате за приватните проблеми?

kolegirabotaproblemiprivatni56

Колку и да сте уморни, имате некои проблеми или сте имале бурна ноќ, тоа на работа никако не смеете да го кажувате. Обидете се да ги прикриете вашите приватни проблеми од очите и ушите на вашите колеги. Пронајдовме за вас едноставно решение како да сокриете некои работи.

Доколку вечерта сте испиле малку повеќе, а следното утро не можете да станете од кревет, а не да одите на работа. Сепак, мора да одите. Отидете да работа , но на никој ништо не му кажувајте. Доколку на некого му го кажете ова сигурно приказната ќе се прошири по целата компанија и вие ќе испаднете еден од оние кој по цели ноќи е низ кафулињата, некој кој не е одговорен и пијан доаѓа на работа.

Ако имате некаков здравствен проблем без разлика дали голем или мал најдобро е да разговарате со шефот. Известете го дека понекогаш ќе мора да отсуствувате од работа, и да појдете на лекар или на терапија. За ова можете да спомнете и пред колегите, но не навлегувајте во детали.  Можете да им кажете дека имате здравствен проблем, но не раскажувајте детално, бидејќи така можете да оставите погрешен впечаток.

Ако сте незадоволни од атмосферата на работа најдобро е да пронајдете некоја личност со која сте најблиски и која сето она што ќе и го кажете ќе го задржи за себе. Поразговарајте со неа за тоа и обидете се да го слушнете и нејзиното мислење, бидејќи тогаш ќе можете да ги согледате работите од друг аспект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП