29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Наумоф во Канада на форум за инвестиции и бизнис можности во...

Министерот Наумоф во Канада на форум за инвестиции и бизнис можности во ЈИЕ

dzerinaumof56

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф денеска отпатува за Канада, каде ќе учествува на форумот во организација на НАТО Советот на Канада, на тема „Инвестиции и бизнис можности во Југоисточна Европа“.

На овој форум, министерот Наумоф ќе се осврне на поволната бизнис клима во Македонија, при што ќе ги потенцира можностите за инвестиции и бизнис во нашата земја.

Како што соопшти кабинетот на Наумоф, на форумот ќе говорат канадскиот министер за меѓународна трговија со Азија и Пацифик, Едвард Фаст, како и реномирани успешни канадски бизнисмени.

На форумот се очекува да присуствуваат над 60 бизнисмени од Канада кои се заинтересирани за работа во нашиот регион. Во рамки на посетата, министерот Наумоф ќе оствари средби со претставници на канадски компании и ќе разговара за нивниот интерес за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП