3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжен рокот за доставување барања за средства од Програмата за финансиска поддршка...

Продолжен рокот за доставување барања за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

zemjodelstvo132

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека до 30 април се продолжува рокот за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година, за Мерката 1.4 Помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи – специјализирани продавници за вино со потекло од Република Македонија.

Останатите делови од јавниот повик објавен на 1 февруари 2013 година, истакнуваат од Агенцијата, остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб- адресата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk

Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година, стои во соопштението од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП