5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBudweiser во четвртиот квартал заработи 2,52 милијарди долари

Budweiser во четвртиот квартал заработи 2,52 милијарди долари

budweiser_ice

Најголемата светска пивара „AB InBev“, производител на пивото „Budweiser“, оствари раст на профитот од 45 проценти во последниот минатогодишен квартал, благодарение на преземањата, растот и намалувањето на трошоците.

Нето заработката во четвртиот квартал е зголемена на 2,52 милијарди од 1,74 милијарди долари од претходниот квартал од 2012 година, додека приходите истовремено се зголемени на 11,7 милијарди, пренесува агенцијата АП.

Финансискиот директор на компанијата Фелипе Дутро изјави дека првиот квартал од oваа година ќе биде тежок на пазарите во САД поради ладното време. Дутро сепак предвидува дека 2014 година ќе биде успешна година, поради зајакнувањето на глобалниот економски раст и Светското фудбалско првенство во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП