23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦрниот чај спречува дијабетес и дебелеење

Црниот чај спречува дијабетес и дебелеење

IZOSOFT'S image Disk Tea & Coffee2 IZ098

Народите кои пијат најмногу црн чај најмалку го имаат овој проблем, од кој се повеќе луѓе во светот оболуваат, и имаат најмалку дебели лица.

Анализата на податоците од 50 земји открива дека народите кои најмногу пијат црн чај имаат најмал број на лица кои страдаат од дијабетес тип 2. Истражувањето откива дека овие земји имаат и најмал број на дебели лица.

Научниците сметаат дека процесот на ферментација кој го претвора зелениот чај во црн предизвикува создавање на комплексни флавоноиди кои се добри за здравјето. Во Ирска се пие најголема количина на црн лај, два колограми годишно по глава на жител, а Британија и Турција се веднаш зад неа.

Сите три земји имаат мал број на дијабетичари во однос на земјите каде помалку се пие овој чај, односно Бразил, Мароко и Мексико. Истражувањето е спроведено бидејќи бројот на лицата кои страдаат од дијабетес тип 2 е зголемен за шест пати во последната деценија. Се проценува дека тој број до 2030 година ќе се зголеми од 285 милиони во 2010 на 438 милиони луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП