22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинезите ја купија Krizia

Кинезите ја купија Krizia

krizia156

Еден од најпознатите италијански модни брендови „Krizia“ е купен од страна на кинески малопродажен ланец за облека.

Тоа е уште еден италијански моден бренд, кој во последно време отиде во рацете на странци, откако модената куќа „Valentino“ беше купена од страна на компанија од Катар, а брендот „Gucci“ го презема француската компанија „Kering“.

Брендот „Krizia“ е купен од страна на кинеската компанија „Shenzhen Marisfrolg“, еден од најголемите малопродажни ланци за облека во таа земја, пренесува агенцијата АФП.

На кинескиот пазар се појавила во 1993 година, а повеќе детали за договорот за преземање на „Krizia“ ќе бидат објавени пред почетокот на летото.

Мауриција Мандели ја основаше компанијата „Krizia“ во Милано во 1954 година. Како што наведе таа, својата функција на претседател во Управниот одбор и функцијата креативен директор ќе ја префрли на шефицата на кинеската компанија Чу Чунг-Јин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП