4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИПредлог за голема заработка - Следува огромен раст на доларот!?

Предлог за голема заработка – Следува огромен раст на доларот!?

dollare

Американскиот и канадскиот долар се едни од најкорелативните светски валути како и што се поврзани економиите на овие две соседски држави и цената на валутниот пар USD/CAD секогаш се движи помеѓу одредено највисоко и најниско ниво.

Во последните 9 години највисока цена на американскиот во однос на канадскиот долар изнесуваше 1,2720 во 2005-тата година, а најниска цена е достигната 0,9450 во 2007-мата година. Она што е мошне интересно е дека во природа цената на валутните парови низ години се движи во иста насока во одредени временски периоди.

Како што може да забележите на графичкиот приказ, цената на USD/CAD доживува оштар пад во 2005-та и одново уште еден огромен пад во 2007-ма година, како одредени временски циклуси на секоја втора година и ја формира најниската историска цена од 0,9450.

Потоа следат нови циклуси но во растечки трендови почнувајки од 2008-ма година со огромен скок до највисоката цена од 2005-та година, потоа повторен пад до најниската цена и повторно нов раст од најниската цена овој пат во 2011-та година, со што се формира нов временски циклус на акција на цената, но овој пат на секоја трета година.

Од 2011-та до 2014-та година цената се стабилизира и ја зацврстува вредноста околу психолошката граница од 1,0000 што е доста долг период и директно влијае врз ослабнувањето на развојот во трговијата помеѓу САД и Канада.

Целосната анализа можете да ја најдете на следниов ЛИНК

http://www.forextrade.mk/analytics/technical/amerikanskiot-raste-nasproti-kanadskiot-dolar

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП