2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку начини за подобрување на циркулацијата

Неколку начини за подобрување на циркулацијата

cirkulacija156

Многумина имаат проблем со лошата циркулација, но повеќето од нив или го игнорираат проблемот или премногу несериозно го сфаќаат, но факт е дека лошата циркулација може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Лошата циркулација предизвикува масни наслаги на ѕидовите од артериите, а тоа пак го попречува циркулирањето на крвта. Доколку навреме се реагира лошата циркулација може да се излечи или спречи со промена на начинот на живот, со лекови, а во некои посериозни случаи и со операција.

Главните симптоми на лошата циркулација се трнење во нозете, грчеви во нозете и стапалата, болки и отечени нозе и стапала или пак студени дланки и стапала.

Физичка активност

Физичката активност ја подобрува циркулацијата. Во нозете исто така се подобрува протокот на крв низ контракцијата на мускулите. За ова, ќе биде доволно шетање или аеробни вежби.

Нормална тежина

Здравото тело е повеќе склоно на нормален проток на крв, отколку она кое е потхрането или гојазно.

Билни додатоци

Во сите аптеки се достапни природни билни препарати кои ја подобруваат циркулацијата. Без разлика дали се во облик на чај, капки или таблети, слободно додадете ги во исхраната. Билки кои се корисни за циркулацијата се: рузмарин, коприва, имела и гинко билката.

Не стојте премногу

Избегнувајте долготрајни статички оптеретувања како што се стоење и одење.

Длабоки вдишувања

Со длабоките вдишувања го зголемувате капацитетот на белите дробови и внесувате повеќе кислород неопходен за метаболизмот и клетките на организмот.

Оставете ги цигарите

Пушењето го оштетува ендотелот на артериите и поттикнува создавање на холестерол.

Термо чорапи, шалови

Термо чорапите, топлата облека и шаловите ќе ви помогнат да ја одржите телесната температура.

Топло-ладни третмани

Наизменично потопувајте ги нозете во топла, па во ладна вода за да ја поттикнете циркулацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП