27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТрикови кои мора да ги пробате при јавен настап

Трикови кои мора да ги пробате при јавен настап

javnogovorenje1

Овие совети можат да ви помогнат самоуверено да ја претставите вашата презентација, без разлика колку ви е страв од јавното говорење.

Основачот на сајтот „speaking.io“ Зек Холман е човек кој и самиот имал проблем со јавното говорење, но успеал да го надмине тоа, a ова се неговите совети како и вие да го направите тоа:

Запомни: Ти ја раскажуваш приказната

„Најдобрите говорници се оние кои ќе сфатат дека тие се на местото на раскажувачот. Не бидете премногу стручни и официјални, бидете малку и забавни“. Додека работите на својот говор, фокусирајте се на елементите кои на вас би ви биле интересни да ги слушнете. Бидете сурово искрени кон себе за тоа дали содржината на презентацијата може да одржи нечие внимание или не. Снимете го својот настап и прегледајте ја снимката.

Не комплицирајте

Секој говор мора да биде фокусиран на неколку точки за да можат слушателите да ги запомнат информациите. „Навистина е проблем кога некој сака да објасни 100 точки одеднаш“.

Учете од другите

Учењето преку обиди и грешки е едно, но учењето од најдобрите е начин на кој можете да напредувате. Холман, признава дека најмногу учел од Стив Џобс, преку прегледување на неговите настапи. „Тој беше многу бавен и едноставен, но секој негов говор имаше елемент на изненадување, тоа го правеше неверојатен“.

Повторете го претходно споменатото

Никогаш вашата цел не треба да биде да кажете што повеќе информации. Држете се до главната поента и повторете ја повеќе пати. „Повторувањето е една од одликите на добриот раскажувач“. „Моите омилени комичари, кажуваат една шега на почетокот, а потоа ја модифицираат и ја повторуваат во понатамошниот настап“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП