17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSwiss Life ja крена дивидендата за 22%

Swiss Life ja крена дивидендата за 22%

swiss-life_2

Најголемата швајцарска осигурителна компанија „Swiss Life Holding AG“ ја зголеми дивидендата за 22 проценти, откако забележа добивка поголема од очекуваната за втората половина.

Добивка е во износ од 309 милиони швајцарски франци (348 милиони долари) во споредба со 266 милиони франци во втората половина на 2012-та година. Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествуваа во истражувањето на „Bloomberg“, беа за 238 милиони франци позитивен резултат. Осигурителната компанија ја зголеми дивидендата до 5,50 франци по акција.

„Swiss Life“ има за цел да го зголеми профитот, како и да ги намали трошоците и да ја зголеми продажбата во Швајцарија и Франција. Главниот инвестициски директор на „Swiss Life“, Патрик Фрост ќе стане главен извршен директор на компанијата во јули.

Компанијата развива сериозна инвестициска единица која забележа нови нето приходи од 5,6 милијарди франци во минатата година. Прелиминарните приходи на компанијата се зголемија за 5.4 % до 18 милијарди франци од минатата година, откако осигурителната компанија има продадено повеќе полиси, меѓу кои и оние во Швајцарија и Франција.

Акциите на „Swiss Life“ вчера пораснаа за 0,3 % до 202.60 франци, зголемувајќи го својот раст за последните 12 месеци до 45%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП