20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОбјавени годишните резултати на Вип

Објавени годишните резултати на Вип

VIP-Internet-Macedonia-Logo

Во текот на 2013 година Вип продолжи да расте во сите сегменти во работењето во услови на високо конкурентен пазар во Македонија.  Компанијата ја зајакна својата позиција како втор мобилен оператор на пазарот и го зголеми својот пазарен удел на 28.0%. Вкупниот број на корисници останува стабилен и на крајот на 2013 изнесува 630,000 корисници, а уделот на постпејд корисници порасна до 47.5% на крајот на 2013, споредено со 42% во истиот период минатата година. Пенетрацијата на мобилна телефонија на пазарот е намалена од 113% на 109% како резултат на конкурентните постпејд пакети кои ја намалија потребата од СИМ картички од повеќе оператори.

Приходите се зголемени за 8% споредено со минатата година, и на крајот на 2013 година изнесуваа 65 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депресијација и амортизација (ЕБИТДА) се зголеми за 20% и изнесува 15 милиони евра.

– Зголемувањето на приходите јасно покажува дека понудите кои ги создадовме во изминатиот период беа во согласност со очекувањата и потребите на нашите корисници. Финансиската стабилност на нашата компанија ќе овозможи дополнителни можности за раст во период што следи. Растот на ЕБИТДА во 2013 година, ни дава цврста основа за продолжување на инвестициите на Вип, кои ќе бидат во интерес на корисниците, но исто така и во насока на понатамошниот развој на пазарот на мобилна телефонија во Македонија, изјави Питер Цидек, Главен финансиски директор на Вип.

Како резултат на зголемената ЕБИТДА и незначително пониските трошоци за амортизација, оперативната добивка изнесува околу 6 милиони евра.

– Ми претставува особено задоволство да потврдам дека нашите цели за 2013 година се во целост исполнети. Вип успеа во релативно краток временски период да се зацврсти како втор по големина мобилен оператор и да обезбеди одржливост на операцијата во услови на високо конкурентен пазар. Позитивните резултати од нашето работење поврзани со пазарниот удел и финансиските показатели, се резултат на посветеноста на целиот Вип тим да понуди повеќе за македонските граѓани. Минатата година, а продолжувајќи и оваа година инвестираме во нови технологии за да им понудиме подобро искуство на нашите корисници. Очекуваме да продолжиме со одлични резултати и во 2014 година, бидејќи продолжуваме да ги остваруваме и надминуваме ветувањата дадени на нашите корисници, истакна Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип.

Во 2013 година, Вип инвестираше 16 милиони евра, а 10.3 милиони евра во Лиценца за 4Г.

На крајот на 2013 година Вип ангажира околу 340 лица.

Резултатите за Вип оператор за цела 2013 година, заклучно со 31 декември 2013г., се објавени денес, заедно со финансиските резултати за 2013 година на Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY).

Подетални информации за резултатите на Телеком Австрија Групацијата можат да се најдат на http://www.telekomaustria.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП