6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Astra OPC EXTREME (фото)

Opel Astra OPC EXTREME (фото)

astra opc extreme

„Opel“ ја претстави најбрзата „Astrа“ досега. Автомобилот има 300 „коња“ под хаубата и сосема одговарачката ознака – „OPC EXTREME“.

Германскиот производител соопшти дека овој спортски модел е резвиен во Нирбургринг, како најпребирливата патека за трки во светот. Автомобилот е опремен со „хај-тек“ компоненети кои ги поседува и тркачката верзија „Opel Astra OPC Cup“, a го придвижува 2.0-литарски турбо бензинец со директно вбризгување и променливи вентили.

astra opc extreme1

Тоа е, исто така и најмоќниот четирицилиндарски агрегат кој „Opel“ досега го има произведено.

Моторот во целост е изработен од алуминиум, а е поврзан со шестстепен мануелен менувач кој ја пренесува моќта со помош на диференцијал со ограничено пролизгување.

astra opc extreme2

Дополнителната предност на моделот „OPC EXTREME“ во однос на конвенционалната „Astrа OPC“ е тоа што тој е полесен за 100 килограми, благодарејќи на деловите од јаглеродни влакна.

Овој многу силен и лесен материјал е употребен за аеродинамичкото задно крило, дифузорот, предниот спојлер, хаубата, вкрстената засилена суспензија, комплетните тркала, крилата и покривот.

astra opc extreme3

Карбонските тркала се дури за 20 килограми полесни во однос на алуминиумските, додека покривот од јаглеродни влакна има маса од само 2,6 килограми. Само за споредба, тежината на челичниот покрив изнесува 9,3 килограми. На овој начин, значајно е намалено и тежиштето на „Astrа OPC EXTREME“.

Калниците се изработени од алуминиум и нивната тежина е 800 грама по парче, наместо 2,24 килограми колку што тежат челичните.

astra opc extreme4

Намалувањето на тежината во клучните области значително ја подобрува агилноста, управување и односот на моќта и масата на возилото.

Како резултат на тоа, верзијата „EXTREME“ минува по кривините на начинот како што тоа го чини тркачката верзија на трката за издржливост (VLN) во Нирбургринг.

„Opel“ на моделот „EXTREME“ употреби сопирачки систем на „Brembo“, кој поседува предни дискови од 370 mm, како и кај тркачкиот автомобил.

astra opc extreme5

За овој автомобил специјално се резвиени и 19-инчни 245/35 гуми со високи перформанси. Покрај тоа, шасијата е прилагодлива, токму како и кај вистинскиот тркачки автомобил.

Благодарејќи на тоа, „Astra OPC EXTREME“ воведува вистинска тркачка технологија на патот. Ако реакцијата на јавноста биде во склад со позитивните очекувања, „Opel“ планира мала производна серија на „уличната“ верзија на моделот „EXTREME“.

Перформансите на овој автомобил не се објавени, а неговата премиера ќе се одржи на женевскиот авто-саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП