2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus: Профитот скокна за 22 проценти

Airbus: Профитот скокна за 22 проценти

airbusbank1

Најголемата европска воздухопловна корпорација „Airbus“ во 2013 година остварила раст на профитот од 22 проценти.

Нето заработката на компанијата минатата година изнесувала 1,5 милијарди евра, додека пак, профитот при одбивање на камати и даноци е зголемен за 21 проценти на 3,6 милијарди евра, наведуваат од „Airbus“ групацијата, а пренесува агенцијата Франс прес.

Приходите минатата година пораснале за пет проценти на 59,3 милијарди евра, благодарение на зголемената испорака на авиони.

Групацијата во 2014 година очекува скромен раст на приходите, останувајќи на прогнозата за 2015 година, која подразбира раст на приходите од седум до осум проценти. „Airbus“ компанијата во последниот минатогодишен квартал имала трошок од 434 милиони евра во форма на поголеми трошоци за програмата „А350 XWB“.

Компанијата планира да го зголеми производството на авионот „A320“ од 42 на 46 авиони месечно од вториот квартал во 2016 година. „Airbus“ минатиот месец соопшти дека во 2013 година имал рекордни 1.503 нарачки, престигнувајќи го ривалот „Boing“, кој имал 1.355 нарачки. Меѓутоа, американската компанија испорачала повеќе авиони од „Airbus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП