6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКадровски промени во Microsoft

Кадровски промени во Microsoft

larson-grin

По превземањето на кормилото на „Microsoft“, Сатја Недела го најави и својот прв потег кој е во врска со промените на работните места на некои од менаџерите. Па така дизајнерката која е заслужна за изгледот на „Windows 7“, но и на контроверзниот „Windows 8“, Џули Ларсон-Грин, ќе премине во нов оддел.

Од моменталната позиција шеф на одделот „Devices and Studios“, таа заминува на позиција од која ќе ја надгледува хармонизацијата на корисничкиот интерфејс во целокупниот спектар на софтвер на оваа компанија. На нејзино место би требало да дојде Стивен Елоп, откако ќе заврши стекнувањето на „Nokiа“.

Ларсон-Грин така ќе се врати на својата оргинална работа во дизајнот на интерфејсот за софтверот, што сега ги вклучува и линијата производи на „Xbox“, како и „Surface“ таблетите. Нејзината задача ќе биде да го направи интерфејсот поедноставен и препознатлив, т.е. да биде прилагоден за секојдневните потреби на корисниците кои се повеќе користат мобилни уреди.

Елоп по транзицијата ќе го превземе нејзиното моментално место и ќе биде задолжен за развој на производите како „Xbox“ и „Surface“, но како што и претходно се претпоставуваше, оваа позиција нему нема многу да му одговара.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП